Празнично загревање: Рецепт за најубавиот божиќен ликер од јајца и рум
Се наоѓаме среде најубавиот празничен период – денови во кои треба да уживате пиејќи ликер од јајца и рум кој традиционално се служи во САД и Канада, пишува „Пун куфер“.
Препорачано
Се работи за пијалак во кој се содржат најмиризливите божиќни зачини и е многу лесен за подготовка. Во продолжение прочитајте го рецептот за еден од најубавите божиќни ликери.
Потребни состојки:
- 1 л млеко
- 10 жолчки
- 300 г шеќер
- 250 мл рум
- 400 г слатка павлака
- 4-5 зрна каранфилче
- 1 лажичка мелен цимет
- 2 лажици екстракт од ванила
- 1/2 лажичка морско оревче
Подготовка:
Во тенџере се мешаат млекото, каранфилчето и циметот и течноста се загрева на мала температура, околу пет минути.
Во посебен сад добро се матат жолчките и шеќерот сè додека не се добие пенеста смеса, а потоа полека се додава топлото млеко. Префрлете ја целата течност во тенџере и варете на умерена температура околу пет минути додека не згусне смесата. Имајте на ум дека пијалакот не треба да врие.
Процедете ја течноста од каранфилчето и оставете ја да се излади. Во изладената течност додадете ја слатката павлака, екстрактот од ванила, румот и морското оревче. Добро изладете го ликерот пред сервирање.
Овој коктел можете да го чувате во фрижидер десет дена.
На здравје!


