Фото: Профимедиа

Правиме зимница: Рецепт за малиџано, македонскиот бел ајвар

Ајварот е скапоцен камен на секоја зимница, а бидејќи започна сезоната на нејзиното приготвување, време е да изберете што ќе подготвите.

Денеска ви го претставуваме рецептот за малиџано. Овој македонски специјалитет е познат и како бел ајвар, а главната состојка е модриот патлиџан.

Подгответе ја најдобрата зимница навреме, а во овој уникатен намаз уживајте со топол леб.

Состојки:

– 5 кг модри патлиџани
– 4 кг зелени пиперки
– 100 мл масло
– 150 мл алкохолен оцет
– 200 г шеќер
– 100 г сол
– 150 г сенф

Подготовка:

Модрите патлиџани и пиперките измијте ги и исушете, па испечете. Ставете ги да се подварат на пареа, а потоа излупете ги и извадете ги семките и стеблото. Исчистените патлиџани и пиперки ставете ги во цедалка и оставете преку ноќ. Потоа измелете ги одделно пиперките, па модриот патлиџан.

Во тенџере сипете малку масло, па додајте ги пиперките, а потоа и исечканите лути пиперки. Пржете околу 15 минути на пониска температура. Додајте една лажица сол и малку масло. Кога поголемиот дел од водата ќе испари, додадете ги модрите патлиџани. Промешајте и пржете уште 45 минути, а постепено сипајте масло. Повремено мешајте. Пред крајот додајте ја преостанатата сол, шеќерот, оцетот и сенфот, убаво измешајте и пржете уште неколку минути.

Малиџаното сипете го во стерилизирани тегли и цврсто затворете. Теглите ставете ги во сад претходно обложен со крпи и завиткајте ги. Оставете ги да отстојат 24 часа за целосно да се изладат.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот