Прауд светски шампион на 50 метри слободно

Бенџамин Прауд/фото: EPA-EFE/Tibor Illyes

Англискиот пливач Бенџамин Прауд го освои златниот медал на најпрестижната трка на Светското првенство во пливање што се одржува во Будимпешта, на 50 метри слободно.

Прауд делницата од 50 метри ја исплива за 21,32 секунди и за девет стотинки беше побрз од Американецот Мајкл Ендрју, додека третото место и бронзениот медал му припаднаа на Максим Грусе од Франција со време од 21,57 секунди.

Шведската пливачка Сара Сјостром го освои 19 медал на Светските првенства. Таа тримфира на 50 метри пеперутка со време 24,95 секунди, пред Французинката Мелани Еник која имаше време од 25,31 секунди и кинеската пливачка Жанг (25,32).

Кристоф Милак по златото на метри 200 метри пеперутка, денеска го освои најсјајното одличје и на двојно пократката патека со време од 50,илак по златото на метри 200 метри пеперутка, денеска го освои најсјајното одличје и на двојно пократката патека со време од 50,14 секунди. Јапонецот Мизунума беше втор, додека Лиендо од Канада заврши на третото место.

Олимписката шампионка на 200 метри грбно, Кајли Мекион го освои златниот медал и на СП славејќи во финалето пред Американките Бејкон и Вајт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот