Пратеничките плати во Албанија преполовени на три месеци

Поголемот дел од пратениците во албанскиот парламент претходно самоиницијативно се откажаа од декемвриската плата за ублажување на последиците од катастрофалниот земјотрес.

Пратениците во албанскиот законодавен дом ќе добиваат по половина плата во период од три месеци.

Одлука за тоа на денешната онлајн седница донесе претседателството на албанското Собрание, со кое раководеше собранскиот спикер Грамос Ручи, а го сочинуваат координаторите на парламентарните групи.

Се додава дека Ручи, упатил писмо до првите луѓе на „триесетте уставни и институции формирани со закон, да ја преземат истата мерка”.

Поголемот дел од албанските пратеници,меѓу нив и пратеникот на македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, самоницијативно се откажаа од декемвриската плата за ублажување на последиците од катастрофалниот земјотрес, што земјата ја погоди на 26 ноември минатата година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот