Познати се трансферите кои не се реализираа во последните моменти од преодниот рок, очекувано најлошо помина Барселона

твитер

Неколку очекувани трансфери пропаднаа во последните минути од преодниот рок.

Очекувано, најголем губитнк е Барселона која остана без Мемфис Депај и Ерик Гарсија иако ги имаше договорено личните услови со фудбалерите.

Главен виновник за нереализираните трансфери е Осман Дембеле кој одби да се пресели во Манчестер јунајтед. Причината за неговото одбивање да дојде на „Олд трафорд“ е тоа што не сакаше да оди на позајмица туку Јунајтед да го откупи неговиот договор.

Тоа не е случи по што Барселона остана без пари кои планираше да ги вложи во трансферот на Депај, а Манчестер сити не дозволи Гарсија да се пресели на „Камп Ноу“ како позајмен играч, бараше 18 милиони евра по што пропадна работата.

Антонио Ридигер иако се договори со Жозе Мурињо синиот дрес да го замени со белиот на Тотенхем, на крајот не се резлизира овој трансфер. Ридигер во последен момент одлучи да се оди во градскиот ривал и се надеваше дека Рома нема да го купи Смолинг од Јунајтед за тој да пристигне на „Олимпико“. На крајот Ридигер остана во Челси каде најверојатно ќе биде „закован“ на клупата за резервни играчи.

Италијанскиот шампион Јувентус вчера цел ден се обидуваше да се договори со Челси за Емерсон Палмиери, но не дојде до договор. Челси не се согласи со барањата на Јувентус за едногодишна позајмица и бараше идното лето „старата дама“ да го откупи договорот на Палмиери по што италијанскиот тим се повлече од преговорите и остана без замена за Алекс Сандро.

И екипата на Милан остана без посакуваните дефанзивци.  Паоло Малдини во последните часови се обиде да го купи Симакане од Стразбур но францускиот тим бараше премногу пари, исто како што и Шалке бараше преголема сума за Озан Кабак.

Францускиот шампион ПСЖ во последниот ден ги донесе Моисе Кен, Рафиња и Данило Переира но не успеа да го ангажира Сократис Папастатопулос од Арсенал. Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо бараше Сократис да дојде бесплатно и „светците“ да ја преземат неговата плата, но Арсенал бараше обесштетување по што договорот пропадна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот