Познат распоредот на натпревари за новата сезона во ПМФЛ: Шкупи одбраната на титулата ја започнува против Тиквеш

Шкупи е шампион на Македонија/ фото: ФК Шкупи

Во „Куќа на фудбалот“ со извлекување беа одредени паровите од распоредот за  новата сезона 2022/23 во ПРВА МФЛ.

Првото коло ќе се одигра на 6. и 7. август. Актуалниот шампион Шкупи во воведното коло гостува во Кавадарци против Тиквеш.

Шкендија на домашен терен ќе го пречека тимот на Скопје, додека пак Академија Пандев ќе игра со Брегалница. Силекс во Кратово ќе го пречека Работнички. Куп победникот Македонија Ѓ.П. ќе се соочи со Ренова.

Прво коло, ПРВА МФЛ:
Шкендија – Скопје
Силекс – Работнички
Академија Пандев – Брегалница
Струга Трим Љум – Победа
Тиквеш – Шкупи
Македонија Ѓ.П. – Ренова

Во продолжение, распоредот на ПРВА МФЛ до 22. коло според „Бергер“ систем, додека по одигрување на 22. коло се игра според словенечки  систем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот