Пожар над Пинтија, граѓаните во паника, пожарникарите се борат со огнот (ФОТО)

фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Голем пожар попладнево беснее во близина на населбата Пинтија.

Жителите на оваа скопска населба веќе се во паника, додека пожарникарите водат борбат со огнот.

фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Пожарот зафатил сува трева и нискостеблеста шума.

На самото место се противпожарни екипи на Град Скопје и се обидуваат да го изгаснат пожарот.

фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Во гаснењето на пожарот е вклучено и локалното население, кое стравува за своите домови кои се наоѓаат на само 200-300 метри од огнот.

фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот