Повторно на нозе! Кралицата Елизабета Втора ја одржа првата официјална средба по нарушеното здравје

Кралицата Елизабета Втора
Кралицата Елизабета Втора / Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Карлицата Елизабета Втора не се предава така лесно, па иако неодамна ја пропушти церемонијата за Денот на Сеќавање на Ветераните, повторно заради здравствени причини, само денови подоцна ја одржа својата прва официјална работна средба.

Скорешното нарушување на нејзиното здравје ја принуди кралицата да се повлече од патувањето на самитот на COP26 и да ја пропушти церемонијата на Денот на Ветераните, па се појавија бројни шпекулации за колку е сериозна состојбата.

Кралицата Елизабета Втора
Фото: Profimedia

95-годишната Елизабета сепак ги побива сите основани грижи и го одржа својот прв официјален состанок во замокот Виндзор со генералот Сер Ник Картер, Шефот на Одборот за Одбрана. На средбата кралицата стоеше исправено, без никакви помагала, иако последното нејзино појавување беше откажано заради истегнување во грбот.

Средбата беше забележана од камерите, а Сер Ник штом влезе во просторијата најпрво беше поздравен од едно од нејзините Корги, пред да се приближи до монархот за разговор.

Кралицата Елизабета Втора
Фото: Profimedia

Разговорот се одвиваше околу неговото пензионирање од оваа позиција, за кое кралицата рече дека е „навистина тажно“, а тој возврати дека се„осум години, навистина долго време, но сепак дојде времето да продолжам понатаму и да правам други нешта“.

Единсвен друг предок на оваа позиција кој служел толку долго до сега бил само Лорд Маунтбатен, кој воедно беше и роднина на кралицата и старател на нејзиниот починат сопруг Принцот Филип.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот