Џонсон: Кралицата Елизабета е во многу добра форма

Profimedia
Фото: George Rogers / Sipa Press / Profimedia

Британската кралица Елизабета, која лекарите ја советуваа да се одмора и да избегнува официјални посети најмалку во следните две недели, е во многу добра форма, изјави премиерот Борис Џонсон откако разговараше со 95-годишната кралица.

Како што пренесуваат странските агенции, загриженоста за здравјето на кралицата Елизабета, најстарата и најдолготрајната владетелка во светот, се појави откако таа откажа серија планирани патувања и ја помина ноќта во болница поради неодредена болест, која не е поврзана со ковид-19.

– Разговарав со нејзиното височество и таа е во многу добра форма. Таа само треба да ги следи советите на лекарите и да се одмори, тоа е важна работа. Мислам дека целата земја и посакува добро, изјави Џонсон за вестите на Канал 4.

Инаку, тој секоја среда разговара со кралицата Елизабета.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот