Збунувачка слика на кралскиот балкон: Кејт Мидлтон го зазема местото на Кралицата?!

кејт мидлтон
Фото: Profimedia

Иако претходно беше потврдено нејзиното присуство, сепак кралицата Елизабета Втора денеска не присуствуваше на церемонијата на оддавање почит на паднатите. Но, нејзиното место не остана празно – и иако за очекување е дека би ја наследила сопругата на нејзиниот директен наследник, Војвотката Камила сепак се помести на страна. 

Централното место на балконот кое беше резервирано за кралицата денес го завзема Кејт Мидлтон.

Во отсуство на кралицата, војвотката од Кембриџ утрово го зазеде централното место додека им се придружи на војвотката од Корнвол и Софи Весекс на балконот на „Foreign Office“-от за да им оддаде почит на паднатите кај Кенотафот.

На сивиот ден во Вајтхол, 39-годишната војвотка Кејт Мидлтон се одлучи за омилениот црн фустан во воен стил на Александар Меквин со црвени еполети, бела јака и сребрени копчиња додека гледаше како принцот Вилијам и принцот Чарлс положуваат венци на споменикот на војната во Вајтхол.

Се очекуваше кралицата да присуствува на службата, но лекарите ја советуваа да не ја извршува јавната должност ова утро, оставајќи ги помладите членови на кралското семејство Кејт Мидлтон, Софи Весекс и Камила да ја претставуваат на годишната служба.

Кејт Мидлтон го носеше истиот елегантен „bespoke“ капут што го носеше на службата за Денот на Сеќавањето во 2018 година, овој пат надополнувајќи го со шик црна капа од Тифани и обетки со дијаманти и бисери.

Војвотката исто така носеше брош од кристален афион од Кралската британска легија заедно со трио поголеми булки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Regalfille (@regalfille1)

Додека часовникот отчукуваше во 11 часот, Борис Џонсон, принцот Чарлс, принцот Вилијам и другите членови на британската елита го одбележаа двоминутниот молк.

Бакингемската палата соопшти дека 95-годишната кралица ја донела одлуката во неделата наутро „со големо жалење“, и дека е „разочарана“ што го пропушта настанот – а ова е првпат таа не присуствува по 22 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот