Повеќе од 800 лица биле позитивни на корона за време на Олимписките и Параолимписките игри во Токио

Организаторот ги објави бројките на заразени со коронавирус за време на Игрите во Токио/ фото: EPA-EFE/BEHROUZ MEHRI

Вкупно 863 лица кои биле акредитирани за Олимписките и Параолимписките игри во Токио биле позитивни на коронавирус, објави организаторот.

Како што објави јапонската државна телевизија НХК, 547 лица биле заразени за време на Олимписките игри, а 316 на Параолимписките игри во Токио. Тие биле позитивник на коронавирус пред, за време и по натпреварувањата.

Меѓу заразените се 41 спортист, 50 претставници на медиумите, 29 членови на националните олимписки комитети, додека останатите заразени пристигнале во Јапонија од други држави.

Токио ова лето беше организатор на Олимписките и Параолимписките игри на кои настапија речиси 15.000 спортисти. Поради вонредната состојба во Јапонија и во Токио поради зголемиот број на заразени лица со коронавирус,беше забрането присуство на публика на трибините.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот