Повеќе не е смешно, сега е болно: Тој беше најпосакуваниот маж, а денес изгледа неверојатно лошо (ФОТО)

Со секое свое појавување во јавноста, Мики Рурк шокира со својот изглед, а бројни негови обожаватели се согласуваат дека тој изгледа сè полошо.

профимедиа

Актерот поради пандемијата на коронавирусот морал да замине од Латвија, каде снимал нов филм, а откако се вратил во Лос Анџелес за првпат се појавил во јавноста. Рурк во друштво на својот асистент прошетал низ Беверли Хилс, но и покрај обидот за камуфлажа папараците веднаш го воочиле.

профимедиа

Неговиот изглед е резултат на бројните пластични операции за кои многумина сметаат дека навистина не му биле потребни, а неговото лице е целосно деформирано.

профимедиа

Поранешниот боксер и ѕвездата на филмовите “9 ½ Weeks” и “The Wrestler” воопшто не се грижи за тоа, а неколку пати и напоменал дека не му смета што се зборува за него. Свесен е дека физичкиот изглед му е уништен поради лошите одлуки од минатото, но вели дека животот продолжува понатаму.

профимедиа

Рурк беше во врска со бројни ѕвезди и двапати во брак. Со Дебра Феуер се ожени во 1981 година, а парот беше во брак до 1989 година. Со колешката Каре Отис се венчаше во 1992 година, но нивниот брак од самиот почеток беше полн со скандали. Актерот дури и беше уапсен поради обвинение за семејно насилство, но подоцна таквото обвинение беше отфрлено. Од 2009 до 2015 година, Рурк беше во врска со руската манекенка Анастасија Макаренко.

профимедиа

Во текот на кариерата често беше вмешан и во политиката. Мики Рурк е огромен љубител на животни и обожува кучиња, а поради тоа е дел од бројни организации за заштита на животните.

профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот