Потврдена борбата: Најстрашниот човек на Земјата против иранскиот „Хулк“
Мартин Форд, еден од најпознатите луѓе од светот на бодибилдингот, ќе се бори против иранскиот „Хулк“, Сајад Гариби.
Овој спектакл е потврден и закажан за 2 април следната година во Лондон, Велика Британија.
Познатата полска организација „КСВ“ неодамна потпиша соработка со Форд и така откри против кого ќе ги одмери силите во ММА дебито.
Ниту еден од нив двајцата досега нема искуство во боречките спортови, но затоа доминираат во теретаните и изгледаат застрашувачки.
Иако досега не се бореле еден против друг, меѓу нив владее голема тензија. Така Форд на својот профил на Инстаграм рече дека не може да вети технички совршена борба, но дека работите станале сосема лични.
View this post on Instagram
Форд, тетовиран џин со преку 140 килограми мускулна маса, се прослави со улогите во филмови и серии, а долго време активно се подготвува да влезе во светот на борбите.
Гариби, кревач на тегови од 180 килограми, исто така има армија обожаватели на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
View this post on Instagram