Потврден распоредот за ЛШ, Вардар трипати домаќин во првите четири кола

Тимур Дибиров/ фото: Слободен печат/Драган Митрески

Европската ракометна федерација (ЕХФ) го потврди распоредот за Лигата на шампионите во новата натпреварувачка сезона 2021/2022.

Вардар 1961 трипати ќе биде домаќин во првите четири кола во рамките од групата „А“ каде што се и Пик Сегед, Кил, Алборг, Мешков Брест, Монпелје, ППД Загреб и Елверум.

Во новата сезона во групната фаза од ЛШ „црвено-црните“ ќе тргнат со гостување во Норвешка кај Елверум, и со домашен меч со истиот противник ќе го завршат првиот дел од сезоната, само на домашен терен.

ЕХФ ги објави термините за мечевите од ЛШ, и сега клубовите треба да потврдат во кој термин ќе играат и кој датум.

Лига на шампиони
Распоред на Вардар 1961 во групната фаза

1 коло, 15/16.09, Елверум – Вардар

2 коло, 22/23.09, Вардар – Мешков Брест

3 коло, 29/30.09, Вардар – Алборг

4 коло, 13/14.10, Вардар – Монпелје

5 коло, 20/21.10, Алборг – Вардар

6 коло, 27/28.10, Вардар – Кил

7 коло, 17/18.11, ПИК Сегед – Вардар

8 коло, 24/25.11, Вардар – ПИК Сегед

9 коло, 01/02.12, Кил – Вардар

10 коло, 08/09.12, Загреб – Вардар

11 коло, 16/17.02, Монпелје – Вардар

12 коло, 23/24.02, Вардар – Загреб

13 коло, 02/03.03, Мешков Брест – Вардар

14 коло, 09/10.03, Вардар – Елверум

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот