Потрошувачите од првите три блок-тарифи може да заштедат и до 12 отсто, вели професорот Талески

Фото: Драган Митрески / Слободен печат.

Универзитетскиот професор Рубин Талески кој учествуваше во креирањето на тарифните блокови за струја, вечерва информира дека првобитната идеја била со три блока, а потоа се разработило со четири, додека првите граници беа 210 киловатчасови за првиот, 420 киловатчасови за вториот и 630 киловатчасови за третиот блок.

„Имаше доста реакции од граѓаните и границите се зголемија, вториот блок изнесува 630, а третиот на 1050 киловатчасови. Сите оние што се грејат, особено на инвертори, ќе влезат некаде во третиот блок на почетокот и ќе плаќаат пониски цени. Идејата беше ранливите категории граѓани да ги поднесат полесно идните поскапувања на струјата. За оние што не користат ефикасни уреди за греење, да им се стимулираат порационално да ја користат потрошувачката и дел да ја префрлат во ноќните часови. Цената во првиот, вториот и третиот малку се менува. Ова е прв чекор. Релативните цени и коефициенти верувам ќе се менуваат почесто. Не треба граѓаните да се плашат, тие што ќе трошат во првите три блокови верувам утре ќе се знае повеќе за цените и нема да биде толку покачувањето“, рече Талески во емисијата „24 отворено“.

Фото: ТВ24/принтскрин

Според професорот, ако останат вака цените, оние што трошат во првите три блокови, ќе имаат до 12 проценти помала сметка за струја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот