Постојат четири места на телото кои мора добро да ги измиеме навечер, предупредуваат експертите

Фото: Профимедиа

Хигиената е важен дел од доброто здравје, а некои делови на телото, сепак, бараат повеќе внимание и важно е да ги измиете пред спиење.

Најновото истражување покажа дека за човековото здравје е најдобро да се тушира ​​навечер, односно непосредно пред спиење. Како што објави „Јади го ова, не тоа“ (Eat This Not That), постојат неколку причини зошто вечерниот туш е најдобрата опција за повеќето луѓе.

„Туширањето пред спиење е добро за кожата, но и за нашето целокупно здравје. На овој начин најдобро ќе ја отстраниме целата нечистотија која се насобрала на телото во текот на денот, а исто така ќе спиеме подобро, што е секогаш добро за нашето здравје“, објасни дерматологот Река Тејлор. Исто така, многу експерти се согласуваат со неа и нагласи дека има четири места на телото кои секогаш треба добро да се измијат пред спиење.

Нозете

Според зборовите на хирургот Том Биернацки, непријатениот мирис на стапалата и габичките можат да преживеат само ако на нив има мртва кожа, но и ако кожата е влажна. Што можете да направите? Докторот советува секоја вечер пред спиење добро даги измиете со вода и сапун. Во спротивно, ако не ги миете, ризикувате појава на инфекции на ноктите или габични инфекции. Стапалата е важно добро да ги измиете, не само да ги ставите под вода, а обрнете внимание и на петите и просторот меѓу прстите.

Јазик

„Чистете го јазикот секој ден кога ги четкате забите“, објаснува Вилијам Л. Баланоф. „Сите знаат дека треба да ги мијат забите и да ги чистат со конец секој ден, но повеќето луѓе речиси никогаш не го мијат јазикот“.

Како што објаснува, ова е голема грешка бидејќи јазикот е местото во усната шуплина каде што се таложи најголемиот број бактерии.

Областа зад увото

Доколку редовно не го чистиме пределот зад увото, може да бидеме изложени на бројни инфекции, па дури и на дерматитис, предупредуваат експертите. Како што објаснува дерматологот д-р Сандра Хаџ, на кожата зад увото има жлезди кои лачат големо количество маснотии, а во таа област често се насобира пот, што доведува до развој на бактерии кои можат да предизвикаат непријатен мирис. Затоа, Хаџ советува секогаш пред спиење наведеното место темелно да го чистите со сапун и вода.

Пазувите

Исто како и стапалата, пазувите треба да се измијат. Сепак, тоа е исто така област каде што кожата е чувствителна и повеќе склона кон враснати влакна, како и потенцијални инфекции. Доктор Вакас Ахмад Бутар истакнува дека пазувите припаѓаат на оние делови од телото каде што повеќето патогени напаѓаат токму поради зголеменото потење. Исто така, има раст на влакна во препоните и пазувите, кои во комбинација со потење при топло и влажно време, може да предизвикаат инфекции. За да се увериме дека нашето тело е здраво и чисто, Бутар препорачува токму затоа е неопходно секоја вечер да се мие пределот на пазувите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот