Фото: Profimedia

Постојано сте уморни и гладни? Овие зрна помагаат при инсулинска резистенција

Јаглехидратите често се наоѓаат на удар кога станува збор за шеќерот во крвта и инсулинската резистенција. Сепак, новите сознанија покажуваат дека одредени цели зрна, особено оние богати со растворливи влакна, можат да имаат спротивен ефект – да ја подобрат чувствителноста на инсулин.

Нашето тело природно ги разградува јаглехидратите во гликоза, која претставува главен извор на енергија. Потоа, панкреасот произведува инсулин, хормон кој им помага на клетките да ја апсорбираат гликозата, пишува „Итинг вел“.

Инсулинската резистенција настанува кога клетките не реагираат правилно на инсулинот, поради што гликозата останува во крвта, а организмот мора да произведува сè повеќе инсулин за да го компензира тоа. Според податоците од САД, околу 40 отсто од возрасните на возраст од 18 до 44 години се соочуваат со овој проблем, често без да имаат очигледни симптоми.

Иако житарките често се сметаат за храна што го зголемува шеќерот во крвта, нутриционистите нагласуваат дека цели зрна со висока содржина на влакна и протеини, а со малку додадени шеќери, можат да бидат дел од балансирана исхрана.

Овес

Овесот е одличен извор на растворливи влакна, особено бета-глукан, кој помага во стабилизирање на шеќерот во крвта, подобрување на чувствителноста на инсулин и намалување на „лошиот“ холестерол.

Јачмен

И јачменот содржи значајни количини бета-глукан, кој може да помогне во регулирање на нивото на шеќер по оброк и да ја подобри реакцијата на телото на инсулин.

Киноа

Киноата е богата со влакна и растителни протеини. Истражувања покажуваат дека редовната консумација може да помогне во подобрување на шеќерот во крвта по оброк и да ја зголеми чувствителноста на инсулин.

Хељда

Хељдата, позната и како каша, може да помогне во стабилизирање на нивото на гликоза во крвта и да ја подобри инсулинската чувствителност, благодарение на високата содржина на влакна.

Кафеав ориз

Иако често се смета дека го зголемува шеќерот во крвта, кафеавиот ориз всушност помага во побавно варење на јаглехидратите и постепено ослободување на гликозата, што е поволно за организмот.

Растворливите влакна од овие намирници апсорбираат вода и создаваат гел во дигестивниот систем, што го забавува варењето и апсорпцијата на гликозата. Воедно, тие поттикнуваат создавање на корисни масни киселини кои го подобруваат метаболизмот на шеќерот.

Експертите препорачуваат внес од три до пет порции различни цели зрна дневно како дел од стратегијата за подобрување на инсулинската чувствителност.

Секако, исхраната е само еден дел од решението. Физичката активност, квалитетниот сон, намалувањето на стресот и здравите животни навики исто така играат клучна улога во контролата на инсулинската резистенција.

Ендокринолог открива: Ова е најдобриот чај за контрола на шеќерот во крвта

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот