
Постојано чувствувате замор? Ви ги откриваме петте најчести причини за исцрпеност
Заморот е состојба која сите повремено ја доживуваме, но кога ќе стане постојан придружник на нашето секојдневие, тоа може да биде знак дека нешто не е во ред. Експертите истакнуваат дека заморот често е сигнал од телото дека нешто не е во рамнотежа.
Препорачано
Иако повремениот замор може да биде нормален, постојаниот замор кој трае долго време може да укажува на различни здравствени проблеми.
Експертите издвоија неколку можни причини зошто се чувствувате постојано изморен и кога би било најдобро да побарате стручна помош.
Недостиг на сон или слаб квалитет на сон
Една од најчестите причини за постојан замор е недостигот на квалитетен сон. На нашето тело му треба помеѓу седум и девет часа сон секоја вечер за да се опорави и обнови. Ако редовно спиете помалку од тоа или ако вашиот сон не е квалитетен, на пример, често се будите во текот на ноќта, тоа може да доведе до хроничен замор.
Лошиот сон може да биде предизвикан од многу фактори, вклучувајќи стрес, анксиозност, несоница или лоши навики пред спиење, како што е прекумерната употреба на електронски уреди.
За да се обидете да го решите проблемот, подобрете го квалитетот на сонот со воспоставување редовна рутина за спиење, избегнување на кофеин, алкохол и тешки оброци неколку часа пред спиење и потрудете се дека вашата спална соба е тивка, не премногу топла и темна.
Лоша исхрана
Исхраната игра важна улога во нивото на енергија што ја чувствуваме. Ако вашата исхрана не е избалансирана, можеби не внесувате доволно хранливи материи што му се потребни на вашето тело за оптимално да функционира. Недостигот на витамини и минерали, како што се витамин Д, железо или витамин Б12, може да предизвика замор.
Прекумерното консумирање преработена храна богата со шеќери и нездрави масти, исто така, може да предизвика ненадејни скокови и падови на енергијата, што доведува до чувство на исцрпеност. Обидете се да ја подобрите вашата исхрана со вклучување повеќе овошје, зеленчук, цели зрна, протеини и здрави масти. Избегнувајте висококалорични и преработени намирници кои брзо го зголемуваат нивото на шеќер во крвта и предизвикува нагли падови на енергијата.
Стрес и анксиозност
Долгоротрајниот стрес може сериозно да влијае на нивото на енергија. Кога сте под стрес, вашето тело ослободува хормони како кортизол кои можат да предизвикаат напнатост, несоница и замор. Стресот може да биде предизвикан од различни фактори, од професионални обврски до лични проблеми. Освен што ментално исцрпува, стресот може да ја зголеми и физичката напнатост, што дополнително го заморува телото.
Обидете се да го намалите стресот, користејќи техники за опуштање, како што се длабоко дишење, медитација или јога. Исто така, вклучете се во активности кои ве релаксираат и ве прават среќни, како што се пешачење, читање или поминување време со семејството и пријателите.
Недостиг на физичка активност
Иако заморот може да изгледа како причина за избегнување физичка активност, напротив, физичката активност може да го зголеми нивото на енергија. Недостигот на движење може да доведе до слабост во мускулите, лоѓа циркулација и ниско ниво на енергија. Редовното вежбање ја подобрува кардиоваскуларната функција, го зголемува протокот на крв и го поттикнува ослободувањето на ендорфините, хормоните на среќата.
Вклучете умерена физичка активност во вашата дневна рутина. Ова може да биде сè, од брзо одење, возење велосипед до јога или тренинг за сила. Редовната физичка активност ја подобрува енергијата и менталното здравје.
Здравствени проблеми
Постојаниот замор, исто така, може да биде знак за основниот здравствен проблем. Болести како што се анемија (низок број на црвени крвни зрнца), проблеми со тироидната жлезда, дијабетес, депресија или дури и хроничен замор може да предизвикаат постојана исцрпеност. Во овие случаи, заморот често е симптом на основната болест која бара лекување.
Ако сте постојано изморени, а промените во исхраната, спиењето и физичката активност не ви помогнале, најдобро би било да се консултирате со лекар. Лекарот ќе ги изврши потребните тестови и анализи и ќе процени дали вашиот замор е последица на физички или психички здравствени проблеми.