Постигнат е договор, Шпанците најавуваат фудбалски маратон!

фото: твитер

Првите луѓе Луис Рубиалес (РФЕФ) и Хавиер Тебас (ЛФП) дојдоа до решение, фудбалот ќе се врати во јуни..

Фудбалската федерација на Шпанија и „Ла Лига“ постигнаа договор за продолжување на натпреварувачката сезона 2019/2020.

Според „АС“, првите луѓе Луис Рубиалес (РФЕФ) и Хавиер Тебас (ЛФП) дојдоа до решение, фудбалот ќе се врати во јуни, а натпревари ќе има секој ден во неделата, а некои се очекува да завршуваат и по полноќ.

И натаму не се познати точните датуми, но извесно е дека првиот датум за мечевите ќе биде 20.00 часот, додека во најтоплите делови на Шпанија натпреварите ќе започнат во 23.00 часот, нешто што и не е невообичаено.

Со цел сезоната да заврши навреме, Рубиалес се согласи да се играат натпревари и во понеделник. Претходно, тој беше против предлогот поради навивачите, но бидејќи сега нема да има публика, се премисли.

Клубовите ќе играат натпревари на секои 72 часа, на пример, оние кои играат во понеделник би играле во четврток, а потоа во недела. Со таков распоред, сезоната се очекува да заврши пред 29 јули, така што преостанатите шпански претставници во Европа ќе бидат подготвени и за меѓународните настапи.

Договорот ќе биде официјализиран откако судијата Андрес Санчез Магро ќе ја поништи пресудата од август минатата година, забранувајќи да се играат натпревари во „Ла Лига“ во понеделник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот