Поставени нови седум национални рекорди на митингот „Вардар 2018 Опен“

Изминатиот викенд на базенот Борис Трајковски се одржа првиот меѓународен митинг „Вардар 2018 Опен“ во организација на пливачкиот Клуб Вардар 2018 од Скопје.

На митингот учествуваа 289 пливачи од 29 клуба од Србија, Словенија, Босна и Херцеговина, Косово и Македонија.
За најдобри пливачи на митингот се прогласени Тања Поповиќ од ПК Плави Талас од Белград и Филип Деркоски од П.В.К.Орион од Скопје, а македонските пливачи поставија седум национални рекорди.

Пливачката на ПК Скопје, Катја Танаскоска постави нови рекорди во категоријата постари пионерки на 50 метри грбно (32.58 секунди), на 100 метри грбно каде најдобро време сега изнесува 1:09.04 минута, како и на 200 метри грбно (2:29.38 минути).
Сара Јанковиќ исто така од ПК Скопје постави нови рекорди во категоријата постари пионерки на 50 метри градно (35.88 секунди) и на 100 метри градно (1:19.97 мин).
Димитар Бошнаков од ПК Скопје, постави нов рекорд во категоријата помлади пионери во дисциплината 200м грбно (2:30.01 мин).
Даријан Андреев исто така од ПК Скопје, постави нов рекорд во категоријата помлади пионери во дисциплината 50 метри делфин (30.44 секунди).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот