Поставени контејнери за кабаст отпад низ Гази Баба и Аеродром, акциите започнуваат од денеска

Од комуналното претпријатие „Гази Баба 2007“ информираат дека оваа недела на неколку локации низ општината се поставени посебни контејнери каде жителите ќе можат да го депонираат кабастиот отпад.

Акцијата започна денеска, а контејнерите се поставени во Стајковци, Црешево, Смилковци, Виниче, Брњарци, Булачани и Раштак.

Од претпријатието напоменуваат дека отпадот може да се остава на овие локации до недела(24 мај) и апелираат граѓаните да го одлагаат кабастиот отпад навремено и исклучиво во поставените контејнери.

Исто така, од денеска започнува акцијата за депонирање на кабаст отпад и во општина Аеродром, која ќе трае до средината на јули.

Обвинет за прегазувањето на Јорго Ќука и осуден во „Синџир“ фатен како фрла отпад на дива депонија

Акцијата започнува во населбата Мичурин, каде на 18 и 19 мај контејнери за кабаст отпад ќе бидат поставени на улица „Анастас Митрев“ зад паркот до трансформаторот и на улица „Венјамин Мачуковски“ – до трансформаторот кај Железничката станица.

Подолу можете да го видите целосниот распоред на локации каде што ќе бидат поставени контејнери за кабаст отпад.

Фото: Општина Аеродром

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот