Фото: Принтскрин

Обвинет за прегазувањето на Јорго Ќука и осуден во „Синџир“ фатен како фрла отпад на дива депонија

Обвинет за прегазувањето на поранешниот директор на ОХИС, Јорго Ќука и осуден во предметот „Синџир“ беше фатен при обид да истури градежен отпад на дива депонија во Ново Лисиче. Телма објавува дека станува збор за Харис Качапор, газдата на фирмата „ХСА-Констракшн“ кој е обвинет за несреќата во која лани загина Ќука, а во предметот „Синџир“ се спогодил со обвинителството.

Фирмата „ХСА-Констракшн“ е од селото Батинци и формирана е во 2014 година. Дејноста ѝ е „изградба на други објекти од нискоградба“. Во 2025 година, според податоците на Бизнис мрежа, имала добивка од 359.000 евра. На интернет може да се најде дека компанијата работи со ископ на земја, собирање на шут, ископ со багер, подготовка на терен за градба, тампонирање.

Обидот за фрлање отпад го сними и објави градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, кој на „Фејсбук“ објави видео. На видеото се слуша како градоначалникот повикува инспекција и полиција, додека возачот на камионот, кој го истовара шутот, му подава телефон за да разговара со некого. Потоа возачот на камионот бега од местото. Случајот претходно бил пријавен во СВР.

Утре, согласно најавите, „ХСА-Констракшн“ ќе биде повикана во Општина Аеродром за да ѝ биде врачен записник и решение за казна за загрозување на животната средина. Најниската казна е 9.000 евра, а највисоката над 80.000 евра, во зависност за каква фирма станува збор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот