Последици кои на телото може да ги остави Ковид-19: Кој ќе прележи коронавирус не смее да пуши?

Profimedia

Досегашните студии што се занимаваа со ефектите од коронавирусот на здравјето на луѓето, сугерираат дека инфекцијата може зад себе да остави фатални последици – од губење на сетилата, до оштетување на срцето и белите дробови, пренесува Дејли мејл.

Меѓутоа, историјата навестува дека можат да се појават и други проблеми со здравјето.

По пандемијата на шпанскиот грип во 1918 година, кога заболеле половина милијарда луѓе, многумина кои преживеале имале некој облик на депресија и се чувствувале летаргично. Луѓето исто така пријавиле вртоглавица, несоница, губење на слухот и мирисот и замаглен вид.

Поедини стручњаци веруваат дека пандемијата Ковид-19 ќе доведе до развивае на исти или слични болести.

„Во текот на епидемијата на САРС во 2003 година, пријавени се многу психијатриски и невролошки компликации“, неодамна предупреди италијанското Друштво за неврологија.

Ковид-19 исто така може да доведе до други долгорочни проблеми. Шест од десет луѓе кои биле позитивни на коронавирусот пријавиле губење на сетилото за мирис и вкус, а оваа состојба се нарекува аносмија.

Загубата може да биде привремена, но британските стручњаци истакнуваат дека во многу случаи може да биде и трајна, а таа состојба се нарекува поствирусна олфакторна загуба (PVOL)

-PVOL може да се доживее кај други респираторни инфекции, како што е грипот. Меѓутоа, кај Ковид-19, новообјавените извештаи укажуваат дека вирусот ги оштетува клетките на слузницата на носот кои ги поддржуваат клетките на рецепторите“, вели Карл Филпот, професор по ринологија и олфактологија на универзитетот Источна Англија.

Студиите покажале дека по опоравувањето од корона, секое четврто лице ќе има упорна кашлица која може да потрае и до десет недели откако телото ќе се исчисти од вирусот.

Можно е и после прележаниот вирус да се појави воспаление на дишните патишта, дури и ако почетната инфекција се смирила.

Постојат и многу загрижувачки извештаи дека инфекцијата Ковид-19 може да предизвика белодробна фиброза, создавање лузни и оштетувања на белодробното ткиво.

Доктор Овен Зенг, шеф на центарот за заразни болести во болницата „Princess Margaret“, предвидел дека некои пациенти по излекувањето од Ковид-19 можеби ќе имаат намалена функција на белите дробови, од 20 до 30 проценти.

Кардиоваскуларните стручњаци се загрижени дека инфекцијата Ковид-19 може да нанесе трајна штета на срцето дури и на луѓето кои немале претходно проблеми со срцето. Тоа може да доведе до миокардитис, воспаление на срцевиот мускул, а оштетувањата можат да бидат трајни. Лузните од коронавирусот исто така можат да предизвикаат проблеми со срцевиот ритам, тврдат кардиолозите од Тексас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот