После скандалозната насловна, еве што направија Лукаку и Смолинг! (ВИДЕО)

принтскрин/твитер

Дербито на 15. коло во Серија А имаше многу тензична најава, после расистичкиот испад кој го направи италијанскиот весник „Кориере дело Спорт“, како преголем притисок да имаше во нозете на Интер и Рома во обидот да се извлече триумф.

На крајот мечот кој сепак беше полн со возбудувања на стадионот „Џузепе Меаца“ во Милано заврши без голови (0:0), но сите погледи беа насочени кон фудбалерот на Интер, Ромелу Лукаку и играчот на Рома, Крис Смолинг.

Пред дерби мечот еден необичен вовед со скандалозна насловна страница на „Кориере дело Спорт“, весникот кој има 100-годишна традиција, и кој два пати поставуваше рекорд во најпродаван дневен весник во Италија, на насловната ги постави Ромелу Лукаку и Крис Смолинг со голем скандалозен наслов „Black Friday“ (Црн петок).

Во време кога во Серија А се зголеми расистичките напади кон црномурестите фудбалери, „Кориере дело Спорт“ со мали под скандалозниот наслов напиша:

„Од доаѓањето од Манчестер јунајтед во Италија станаа важни играчите во нивните екипи, зазедоа цврст став против расизмот и се ѕвезди во екипите кои се борат за Скудетото и Лигата на шампионите“.

На теренот ги гледавме токму нивните дуели, но и потегот за кој зборува цела Италија, нивните прегратки пред и после мечот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот