ВИДЕО | „После се чудам зошто сум дебел“: Вучиќ им влезе и во кујна на готвачите, им брцаше во тенџерињата

Фото: Инстаграм / Александар Вучиќ / принтскрин

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави видео во кое се гледа како влегува во кујна и ги пробува јадењата кои ги подготвиле готвачите во неговата резиденција, со коментар: „После се чудам зошто сум дебел“.

Вучиќ влезе кај персоналот кој ја подготвуваше свечената вечера со претседателката на Грција, Катерина Сакеларопулу.

Дел од коментарите на објавата го поддржуваат српскиот претседател, тешејќи го дека нема прекумерна тежина, додека други ја исмеваат неговата посета на кујната, потсетувајќи дека таа е соодветна, бидејќи Вучиќ е познат како политичар кој „не излегол само уште од фрижидер“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот