Пошта/ Фото: МИА

Поскапување на осум поштенски услуги од 1 февруари

Агенцијата за пошти одобри нови цени за осум поштенски услуги во внатрешниот поштенски сообраќај во опфатот на универзалната услуга, што ќе бидат во сила од 1 февруари. Новите цени за пет услуги се зголемени, а за три се намалени и се донесени на барање на АД за поштенски сообраќај „Пошта на Северна Македонија” во државна сопственост – Скопје.

Зголемување на цените има за стандардизирано и за нестандардизирано писмо до 50 грама за што наместо 25 денари ќе се плаќа 36 денари, за стандардизирана картичка до 50 грама – 16 денари, за нестандардизирано писмо oд 50 до 100 грама – 48 денари, а за нестандардизирано писмо од 100 до 250 грама – 60 денари. Пониски се цените за гломазно писмо над 250 до 500 грама (80 денари), за гломазно писмо од 500 до 1.000 грама (128 денари), како и за гломазно писмо над 1.000 до 2.000 грама (176 денари), се наведува во решението од Агенцијата за пошти.

Новиот ценовник е достапен на веб страницата на „Пошта”, која согласно со последните законски измени има ексклузивно право да обезбедува резервирани поштенски услуги до крајот на годинава

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот