Фото: Федерација на училишен спорт на Македонија

Посебен момент во Бања Лука: Шишковски и Херера со поддршка за младите футсалци

Ученици од СОУ „Ристе Ристески – Ричко” имаа специјални гости во Бања Лука. Во нивната база ги посетија македонските фудбалски репрезентативци и членови на Борац Бања Лука, Дамјан Шишковски и Себастијан Херера, кои дојдоа да им дадат поддршка и да ги охрабрат пред следните предизвици.

Поддршката од репрезентативците претставува силен ветер во грб за нашите футсалци, кои гордо ја претставуваат Македонија на Европското првенство во футсал што се одржува во Бања Лука, подготвени да го остават срце на теренот.

Бања Лука е домаќин на Европското првенство во фустал за ученици до 18 години. Македонија во првото коло одигра нерешено против Словачка 4:4. Стрелци на головите за Македонија беа Теодор Героски, Андреј Паскоски, Мартин Деркоски и Димитар Оклески.

Државниот првак – СОУ „Ристе Ристески – Ричко” денеска ќе ја заврши групната фаза на Еврпското првенство, игра два натпревари.

Фото: Федерација на училишен спорт на Македонија

Во 10:30 часот е мечот со Унгарија, додека пак во 15:30 часот ќе игра против Белгија.

Европското првенство е наменето за ученици до 18 години и обединува 15 екипи од целиот континент. Покрај Македонија и Словачка, учество земаат и претставници од Белгија, Бугарија, Црна Гора, Чешка, Унгарија, Молдавија, Србија, Словенија и Република Српска.

Македонската делегација во Бања Лука: Виктор Анѓелевски, Мартин Деркоски, Теодор Героски, Ведран Магленски, Леонид Митрески, Димитар Оклески, Давид Паскоски, Андреј Петрески, Бернис Селимоски, Бруно Стефаноски.

Тренер: Илија Ангелески. Помошен тренер: Христијан Митрески. Судија: Димитар Здравески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот