ПОСАКАЛ ДА ЈА ПРОМЕНИ ПРОФЕСИЈАТА: Славниот актер аплицирал за работа во ресторан (ФОТО)

принтскрин

По долгогодишната успешна кариера, славниот актер Бил Мареј посака да ја промени професијата, па се одлучи да се пријави за работа во еден ресторан на аеродромот. Гостувајќи во емисијата „3 Girls 1 Keith“ на комичарката Ејми Шумер, актерот ги откри афинитетите за работа во азискиот ресторан.

– Пополнив пријава за работа во P.F Chang`s ресторанот на аеродромот во Атланта затоа што сметам дека тоа е едно од најдобрите места за нешто да се јаде, призна Бил.

– Што би работел таму? Било која работа? – го праша Ејми која беше изненадена од одлуката на актерот.

– Ова е најдоброто време за тоа – и возврати самоуверено Бил.

Откако од ресторанот дознаа дека актерот се пријавил за работа, веднаш се огласија преку социјалната мрежа Твитер и му кажаа дека ја добил рбаотата.

– Бил, ја доби работата. Кога ќе можеш да почнеш? – напишаа од P.F. Chang’s.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот