Португалија има радикален план за енергетска слобода од нафтениот пазар

Португалската влада наскоро ќе ги претстави мерките за преполовување на зависноста на земјата од фосилни горива во следната деценија, изјави висок функционер за „Политико“.

Португалија веќе се рангира меѓу европските лидери во зелена енергија, генерирајќи 80 отсто од својата електрична енергија од обновливи извори. Сепак, нафтата и гасот сè уште сочинуваат повеќе од 60 отсто од вкупната потрошувачка на енергија — вклучувајќи ги горивата што се користат во транспортот, индустријата и во греењето, како и електричната енергија.

– Нашата цел е да ја намалиме зависноста од фосилни горива на половина од она што го имаме сега во следните осум до десет години – рече во интервју министерката за животна средина и енергија на земјата, Марија да Граса Карваљо.

Иако оваа цел се подготвуваше подолго време, десничарската влада го забрза планирањето поради конфликтот во Иран, кој го загрози глобалното снабдување со фосилни горива и ги зголеми цените.

– Го планиравме ова, но Иран ни ја наметна итноста тоа да го спроведеме – рече таа.

ЕУ губи 600 милиони долари дневно поради војната во Иран, алармира Фон дер Лајен

Предлогот на Лисабон ќе биде презентиран во наредните недели. Во меѓувреме, Европската комисија има намера во јуни да претстави цел за електрификација на ниво на целиот блок, слично дизајнирана да ја намали зависноста од фосилни горива.

Португалија се фокусира на инвестиции во биодизел, водород и на одржливи авионски горива за целосна декарбонизација на индустријата и на транспортот.

Наместо само електрификација, Лисабон цели кон директно исфрлање на фосилните горива, по примерот на Франција.

Истовремено, владата воведува данок на екстра профит за енергетските компании поради кризата со Иран. Иако дејствува национално, министерката Карваљо апелира за единствен европски данок за да се зачува пазарната рамнотежа меѓу земјите членки.

Расте интересот за електрични возила во Европа по скокот на цените на горивата

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот