Фото: EPA/MARTIN DIVISEK

Расте интересот за електрични возила во Европа по скокот на цените на горивата

Интересот на купувачите за електрични автомобили нагло порасна низ Европа од почетокот на војната во Иран, бидејќи зголемената цена на бензинот ја истакнува поевтината енергија што доаѓа од полнење на струја.

Онлајн платформи во Велика Британија, Германија, Франција и Шпанија пријавиле огромен пораст на интересот за електрични возила од почетокот на конфликтот во февруари. Војната предизвика брзо зголемување на цените на бензинот и протести низ целиот свет, додека цените на електричната енергија не беа толку силно погодени, пренесува Гардијан.

Првите напади беа извршени на 28 февруари, предизвикувајќи потреси на глобалните пазари на суровини, бидејќи Иран практично го затвори Ормускиот Теснец – клучна рута за извоз на нафта и гас.

Иран го затвори Ормускиот Теснец, каде што поминува петтина од светската нафта

Мобајл.де, најголемиот онлајн пазар за автомобили во Германија, соопшти дека високите цени на горивата биле „катализатор“ за „бум на електрични автомобили“.

Аџај Бхатија, извршен директор на Мобајл.де, извјави дека платформата забележала пораст од повеќе од 50 проценти на интересот за електрични автомобили во март во споредба со февруари.

„Во истиот период, интересот за бензинск и дизел возила опадна, додека интересот за хибриди – кои комбинираат мотор со помала батерија – порасна за 4 отсто“, соопшти тој.

Вкупно, побарувачката за електрични возила пораснала и во споредба со минатата година, благодарение на субвенциите од 6.000 евра во Берлин.

Бхатија изјави дека цените на дизелот од 2,5 евра по литар даваат силен поттик за премин кон возила со нулта емисија во Германија, која претходно се соочувала со тешкотии во Европа, позната по моторите со внатрешно согорување.

„Она што германската енергетска транзиција не успеа да го постигне, речиси економската реалност го направи“, посочи тој.

Фото: EPA/MARTIN DIVISEK

Карвоу, платформа што ги поврзува купувачите со дилери во Велика Британија, Шпанија и Германија, пријавила пораст од 20 до 30 отсто на интересот за електрични автомобили во сите три пазари меѓу февруари и март. Во Велика Британија, интересот за електрични возила пораснал за 23% во текот на месецот, додека интересот за хибриди пораснал за 19%.

„Веќе подолго време гледаме оддалечување од моторите со внатрешно согорување“, изјави Ијан Рид, директор за содржини во Карвоу.

„Но, она што го гледаме со војната е дека тоа се забрзува. Потрошувачите се загрижени за трошоците за живот и сакаат да ги намалат редовните трошоци“, додаде тој.

Податоците од минатата недела од Здружението на производители и трговци на автомобили (SMMT) покажаа дека во март биле регистрирани 86.120 електрични автомобили на батерии, врз основа на продажби направени неколку месеци пред почетокот на конфликтите. Ова претставува пораст од 24,2 отсто во споредба со истиот месец минатата година и рекордно високо ниво.

Ла Сентрал, една од најголемите француски платформи за автомобили, соопшти дека пребарувањата за електрични возила се зголемиле за 160 проценти меѓу почетокот на март и почетокот на април.

„Возачите се многу чувствителни на цените на енергијата и бараат алтернативи“, изјави Гијом-Анри Бланше, заменик-извршен директор на Ла Сентрал.

„Веднаш видовме реакција од возачите во насока на интерес за електрични автомобили, како и зголемен интерес за половни возила“, нагласи тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот