Иран го затвори Ормускиот Теснец, каде што поминува петтина од светската нафта
Иран денеска ефективно го затворил Ормускиот теснец, јавија светските медиуми повикувајќи се на иранските воени сили.
Препорачано
Иранска револуционерна гарда (ИРГЦ) наведува дека „ќе го запали секој брод што ќе се обиде да помине“. Иран вчера веќе нападна два брода кои поминувале низ теснецот.
Аналитичарите претходно предупредија дека продолженото затворање на Ормускиот теснец, низ кој поминуваат сите бродови кои од Азија пловат кон Суецкиот Канал и потоа кон Европа, би можело да предизвика сериозен шок во цената на нафтата, но и на низа основни производи.
Ормускиот теснец оттаму е главната рута за транспорт на нафта што го поврзува Персискиот Залив со Оманскиот Залив и Арапското Море. Се наоѓа помеѓу Иран и Оман. Низ протокот, така наречен по иранскиот остров Ормуз, минува една петтина од целокупното количество на нафта во светот.
Големи количини сурова нафта произведена во тој регион од земји како Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Кувајт и Ирак, а наменета за целиот свет, минуваат низ тој теснец.
Блокадата би можеле да предизвика раст на цените на нафтата на нивоа над 100 долари за барел, претходно проценија аналитичарите на Голдман Сакс.


