Португалците со критики за Роналдо: Кристијано не треба да биде стартер на Мундијалот

фото: EPA-EFE/JOSE COELHO

Португалскиот новинар Зак Лоури изјави дека фудбалерот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо не заслужува да биде стартер во националниот тим на претстојното Светско првенство во Катар.

Португалија синоќа беше поразена од Шпанија со 1:0 во натпреварот од последното коло од А дивизијата на Лигата на нации. Шпанија се пласираше на завршниот турнир, додека Португалија го освои второто место.

Во центарот на вниманието на португалските медиуми беше Роналдо, кој пропушти неколку прилики, а на крајот ја фрли и капитенската лента.

– Апсолутно нема логика Роналдо да биде стартер на Мундијалот. Не кога тука се Рафаел Леао, Педро Нето, Жоао Феликс и многу други талентирани играчи кои го чекаат своето место. Уште една лоша партија за Роналдо – вели Лори.

Португалските медиуми потсетуваат дека Роналдо оваа сезона е во лоша форма. Тој оваа сезона одигра само осум мечеви за Манчестер јунајтед во сите натпреварувања и постигна само еден гол.

Португалија на Мундијалот ќе игра во групата „Х“ со селекциите на Уругвај, Гана и Јужна Кореја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот