Лига на нации: Шпанија е последниот учесник на завршниот турнир

Фото: EPA-EFE/HUGO DELGADO

Репрезентацијата на Шпанија е последниот патник на завршниот турнир во Лигата на нации што ќе се одржи од 14 до 18 јуни идната година.

На „Фуријата“ вечерва и беше потребна победа во Брага против Португалија и до неа дојде во 88 минута. Човек на одлука беше Алваро Мората кој на најдобар начин ја искористи одличната асистенција на Нико Вилијамс.

Во дивизијата Б се сели Чешка која на гостувањето во Швајцарија го доживеа четвриот пораз во ред, овој пат со 2:1.

Швајцарија за само 83 секунди постигна два гола, во 29 и во 30 минута во листата на стрелци се запишаа Ремо Фројлер и Брил Емболо.

До крајот на првото полувреме, Патрик Шик успеа да намали на 2:1. Шансите на Чешка за победа пропаднаа во 61 минута кога Јан Зомер го одбрани пеналот на Томаш Соучек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот