Пораз на македонските тенисерки од Египет на стартот од Били Џин Кинг купот
Македонските тенисерки претрпеа пораз од 3:0 од Египет во првиот дуел од Втората Евро-африканска зона од Били Џин Кинг купот што се игра Бања Лука. Ривалките ја имаа и ја оправдаа улогата на фаворитки.
Препорачано
Во првиот меч на двете второрангираните тенисерки од репрезентациите Јасмин Езат ја совлада Ана Митевска со 2:0 во сетови (6:0 и 6:2).
Во мечот на прворангираните тенисерки имаше повеќе неизвесност и траеше еден час и 50 минути. Во првиот сет Сара Митевска имаше водство од 3:2 во гемови, но противничката Лами Алхусеин Абдел Азиз освои три гема и поведе со 5:3 и сетот го заврши со 6:4. Во вториот сет Сара Митевска имаше водство од 2:0 и 3:1 во гемови, но искусната противничка која е на 404 место на ВТА листата го доби и вториот сет со 6:3.
Во мечот во двојки селекторот Кристијан Вангелов направи замена и на теренот се појавија Јана Божиновска и Зара Зафировска, кои загубија од Абдел Азиз и Нада Фуад со 2:0 во сетови.
Утре Македонија е слободна, а во зависност од исходите од мечевите денеска и утре ќе биде познат противникот во среда.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
41мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


