Пораз на Шкендија од чешкиот Злин (ВИДЕО)

facebook.com/fcshkendija/

Македонскиот фудбалски шампион преку овие мечеви ја темпира формата пред настапот во квалификациите од Лигата на шампионите.

Играчите на Злин ја обезбедија победата уште во првото полувреме, поточно во 15. минута после еден изведен корнер, највисоко скокна Павел Вихнал и со глава ја испрати топката во мрежата на Захов.

Стартниот состав на Шкендија на денешниот меч против Злин: Захов, Бејтулаи, Муслиу, Чешмеџиев, Мици, Хусмани, Алими (капитен), Радески, Нафиу, А. Ибраими

Претходно на првиот тест од летните подготовки, тетовските „црвено-црни“ минимално со 1:0 славеа против Олимпија Љубљана.

Наредната трета контролка избраниците на тренерот Ќатип Османи според најавите би требало да ја имаат на 27 јуни против словачката Жилина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот