Шкендија „брзопотезно“ ја реши Олимпија Љубљана (ВИДЕО)

facebook.com/fcshkendija

Шкендија минимално со 1:0 го совлада словенечкиот состав на Олимпија Љубљана со погодок уште во раната фаза.

Тетовските „црвено-црни“ имаше силен притисок на половината на противникот, кој резултираше со победнички гол. Едно невнимание во противничката одбрана, Тотре убаво беше проигран, со убав удар го матираше голманот на Олимпија.

Стартниот состав на Шкендија против Олимпија Љубљана: Реџепи, Мурати, Муслиу, Чешмеџиев, Мици, Хусмани, Алими (капитен), Радески, Тотре, Нафиу, А. Ибраими.

Според најавите следниот пријателски дуел фудбалерите на Османи ќе го имаат на 23 јуни против чешкиот Фастав Злин.

Потсетување дека македонскиот шампион во првото квалификациско коло од ЛШ ќе игра против естонскиот претставник Номе Калју.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот