Поранешното момче се огласи по исчезнувањето на убавата актерка, на несреќниот настан реагираше на свој начин

Биг Шон и Наја Ривера станаа пар во 2013 година, а на крајот на истата година тие се верија. Врската ја прекинаа во април 2014 година, а причина за тоа беа наводите дека раперот ја изневерил актерката со Аријана Гранде.

Додека бројни колеги и пријатели на исчезнатата актерка Наја Ривера ги повикуваат фановите да се молат за неа со цел полицијата што побрзо да ја пронајде, на сето тоа реагираше и нејзиниот поранешен вереник Бик Шон.

instagram

32-годишниот рапер покажа негов вид на поддршка, лајкнувајќи ги десетиците твитови и пораки на остантите социјални мрежи во кои обожавателите пишуваат пораки за поддршка. Сите се надеваат дека Наја среќно ќе се врати во домот, но извештаите од полицијата не влеваат надеж.

„Продолжете со потрагата за Наја Ривера“, „Нејзиниот син ја чека“, „Нашите мисли се со неа и нејзиното семејство“, „Се молиме што побрзо да ја најдат“, се само некои од пораките за поддршка кои обожавателите на Наја и ги напишаа на социјалната мрежа.

instagram

Биг Шон и Наја Ривера станаа пар во 2013 година, а на крајот на истата година тие се верија. Врската ја прекинаа во април 2014 година, а причина за тоа беа наводите дека раперот ја изневерил актерката со Аријана Гранде.

Наја Ривера (33) исчезна на езерото Пиру во Калифорнија, каде што отишла со својот четиригодишен син. Полицијата момчето го пронашла како само чека на бродчето, а постојат стравувања дека актерката се удавила.

instagram

Исчезна глумицата Наја Ривера: 4-годишниот син бил сам на бродот, се претпоставува дека се удавила

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот