Фото: Инстаграм / Борут Пахор

Поранешниот словенечки претседател Пахор паднал од велосипед, завршил во болница со тешки скршеници

Поранешниот словенечки претседател и премиер Борут Пахор заврши во болница откако падна со велосипед за време на спуштањето од Пасја Раван во Словенија, објави „Блјесак“.

Пахор, кој е страстен велосипедист, на „Инстаграм“ објави дека ги скршил клучната коска и лопатката.

Пасја Раван е ридско подрачје и планински превој во Западна Словенија, во Полхограјските Доломити недалеку од Љубљана. Популарно е меѓу велосипедистите и планинарите поради стрмните искачувања и спуштања.

„Тежок пад за време на велосипедското спуштање од Пасја Раван. Скршена клучна коска и лопатка. Сè е во ред, вечерта ја напуштив Итната помош, а денес веќе сум во канцеларија на разговор со новата млада делегатка на ОН“, напиша Пахор покрај фотографијата од болничкиот кревет.

Објавата првично ги загрижи неговите следбеници, но подоцна ги смири со нова фотографија на која со ортопедска имобилизација седи на стол и насмеан позира. Пахор им се заблагодари на сите кои му помогнаа по несреќата.

Газда на скопски хотел е брутално претепан од двајца насилници кои ги познава

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот