Џејмс Коми / Фото: ФБИ

Поранешниот шеф на ФБИ Џејмс Коми им се предаде на властите по новото обвинение за закана кон Трамп

Поранешниот директор на ФБИ, Џејмс Коми, им се предаде на американските власти, еден ден откако против него беше поднесено ново обвинение, за објава на социјалните мрежи лани во мај, која обвинителите ја оценија како закана за американскиот претседател Доналд Трамп.

Според извор запознаен со ситуацијата, Коми се појавил во канцеларијата на обвинител во Александрија, Вирџинија, за да се предаде по две обвиненија за заканување по животот на претседателот и пренесување закани преку државни граници, јавуваат американските медиуми.

Коми изјави дека е невин и дека ќе се бори против обвиненијата на суд. Во мај минатата година, Коми објави фотографија на социјалните мрежи од плажа со броевите „86 47“ напишани со школки, што обвинителите го протолкуваа како сленг термин со кој му се заканува на Трамп кога ги поднесоа обвиненијата.

Речиси веднаш по објавувањето, тогашната секретарка на Министерството за внатрешна безбедност Кристи Ноем објави дека Тајната служба ќе го испита Коми за она што таа го нарече повик за „атентат“ врз Трамп.

Поранешниот директор на ФБИ на суд: Џејмс Коми ги негира обвинувањата, тврди дека е жртва на одмаздата на Трамп

Коми ја отстрани објавата истиот ден, пишувајќи на социјалните мрежи дека видел школки на плажата што ги користел за да напише „политичка порака“, но дека „не сфатил дека некои луѓе ги поврзуваат тие бројки со насилство“.

Во обвинението, одобрено од федерална голема порота во Северна Каролина, се тврди дека разумен човек би ја протолкувал пораката како закана за Трамп.

Коми, долгогодишен непријател на Трамп, сега се соочува со две обвиненија поднесени од Министерството за правда за време на втората администрација на Трамп. Претходен случај во кој тој беше обвинет дека го лажел Конгресот, кратко по судењето беше отфрлен случајот од федерален судија.

Школки кои формираат броеви „86 47“ биле закана за Трамп — второ обвинение против поранешниот директор на ФБИ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот