Поранешниот селектор Владимир Глигоров на клупата на Голден Арт

фото: RKGoldenArt

Поранешниот селектор на женската ракометна репрезентација на Македонија и на репрезентациите на Саудиска Арабија, Сирија и Либан, како и тренер на повеќе суперлигашки екипи во државата, Владимир Глигоров е нов тренер на ракометниот клуб Голден Арт.

Глигоров доаѓа на местото на Никола Матлиески, со кој клубот спогодбено го раскина договорот по натпреварот со Јуниор КВ на домашен терен, кој се одржа изминатиот викенд.

Ќе ја води екипата во преостанатиот дел од сезоната, во плеј-аут лигата, каде што Голден Арт ќе се бори за опстанок во најквалитетното ракометно натпреварување во државата.

Поранешниот селектор и нов тренер на клубот, доаѓа во период кога на Голден Арт му престојат две тешки гостувања, кај едни од најсериозните кандидати за опстанок во лигата, Куманово и Струга.

Првиот предизвик ќе му биде гостувањето кај МРК Куманово, натпревар кој ќе се одигра на 26 февруари од 18.00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот