Поранешниот македонски селектор Јонуз на клупата на ФК Скопје

фото: EPA/GEORGI LICOVSKI

Мирсад Јонуз по 20 години повторно има тренерски предизвик во нашата земја. Официјално, Јонуз е новиот тренер на фудбалскиот клуб Скопје.

Претходно во тренерската кариера 60-годишниот стратег беше на клупата на Работнички, Победа Прилеп, Неа Саламис Фамагуста, Аигиниакос, Влазнија и Лусаил.

Јонуз ја водеше македонската У21 селекција, а во периодот од 2009 до 2011 година беше и селектор на сениорите.

Ќе се обиде да му помогне на ФК Скопје да обезбеди опстанок во Првата фудбалска лига.

Моментно екипата после 19 одиграни кола е на претпоследното 11 место со 13 бодови.

В среда Јонуз ќе дебитира во рамките од шампионатот на домашен терен против Македонија ЃП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот