Поранешната жена на Елтон Џон го тужи 32 години по разводот: Тој денес има маж и две деца

профимедиа

Пејачот Елтон Џон се најде во незавидна ситуација кога поранешната сопруга Ренате Блауел поднесе тужба против него од засега непознати причини.

Поранешната сопруга на англискиот пејач, текстописец и композитор, Елтон Џон (73), Ренате Блауел (67), со која беше во брак од 1984 до 1988 година, реши да го тужи од се уште непознати причини.

Имено, поминаа 32 години откако пејачот и Ренате се разведоа, по што Елтон призна дека е хомосексуалец и се ожени со својот сегашен маж со кој посвоија и деца.

За Ренате Блауел со години не се знаеше ништо, а сега нејзините адвокати открија дека таа поднела тужба против славниот пејач, но деталите се уште не се откриени.

Ренате и Елтон се запознаа во 1983 година додека тој го снимаше албумот „Too Low for Zero”, а таа во студиото работеше како мајстор за звук, а изворите тврдат дека тие веднаш се засакале.

профимедиа

Се венчаа во 1984 година во Сиднеј на Денот на вљубените, а се разведоа во 1988 година кога Елтон Џон конечно ја откри својата вистинска сексуалност и призна дека не сака жени, туку мажи.

Многу години ништо не се знаеше за неа, додека Елтон не ја објави автобиографијата во која говореше за нивниот однос и бракот. Многумина сметаат дека го тужела бидејќи тој изнел детали од нивниот приватен живот, за кои таа не сакала никој да знае.

Да се потсетиме, Елтон Џон од 2005 година е оженет со канадскиот продуцент Дејвид Фурниш (57) со кој посвои близнаци. Тој ја повика својата поранешна сопруга Ренате да ги запознае неговите деца, но таа го одби тој повик, а пејачот ја испочитува нејзината одлука и не сакаше да ја присилува, за што говореше и во многу интервјуа.

instagram

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот