Поранешната обвинителка на СЈО Ленче Ристовска бремена со близнаци

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Ленче Ристовска, поранешната обвинителка на СЈО е бремена и носи близнаци.

Ова вест на својот Фејсбук профил ја соопшти новинарката Александра-Сашка Цветковска, која сподели фотографија од нив двете во прегратка, потенцирајќи во статусот дека на фотографијата се наоѓаат четири лица, со што откри дека Ристовска очекува близнаци.

„Не само пријател, туку инспирација. Еден ден се надевам дека општеството ќе го цени тоа што таа ни го даде со својата храброст, интегритет, светлина и убавина. И ќе и дозволи да направи повеќе и вистински да придонесе во глобалната борба за правда и еднаквост. Милостивата храбра суперпаметна Ленче која прави сите да се чувствуваме мали. Меѓу неколкуте најдобри во Македонија. П.С. Ние четворицата“, напиша новинарката Цветковска.

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот