Поранешен градоначалник и полицаец си го ранил синот со нож во Петровец

Фото: МИА

Тежок инцидент се случил вчера во скопското село Ржаничино, кога поранешниот градоначалник на општината Петровец и вработен во Бирото за јавна безбедност во МВР, Звонко Цветковски, со нож му нанел две убодни рани на неговиот 22-годишен син, Ј.Ц., пишува Плусинфо.

Пред да се случи нападот, таткото и синот кратко се расправале, пишува порталот.

Од Министерството за внатрешни работи го потврдуваат инцидентот и велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Момчето веднаш било однесено во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, а за инцидентот било известено и Основното јавно обвинителство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот