Попкаст со Мартин Богатиноски ЕП14 | Отец Висарион: Монахот има повеќе време да се занимава со тајните на небото
Молитва е она што го бараме да ни се оствари. Ние луѓето бараме многу работи, но Господ ја знае нашата иднина. И Господ знае дали тоа што го бараме ни е потребно за спасение. Затоа што, ние во молитвата „Оче наш“ кажуваме „да биде волјата твоја“.
Препорачано
Ова го вели протосингел Висарион, јеромонах од Делчевско-каменичката епархија, кој гостува во најновото издание на „Попкаст со Мартин Богатиноски“
– Господ сака да нѐ види во Рајот, во вечноста, а ние бараме нешто што е привремено за 5-10 години, утре да се случи, а после тоа да го заборавиме. Ние, како луѓе, кога сме биле помлади, сигурно сме имале едни желби да ни се остварат, а потоа, откако малку ќе помине време, ќе сфатиме дека тоа што сме го барале не било важно. А единственото што ни е навистина важно е да го стекнеме Бога во себе, а тоа ќе ни дари вечен живот – објасни отец Висарион.
Со него разговаравме за тоа како изгледа манастирскиот ден, што навистина прават монасите…
– Јас можев да бирам, можев да бидам и свештеник. Но, не знам како да се изразам, тоа беше многу пониско од монашкиот живот. Монашкиот живот е многу повозвишен затоа што монахот има повеќе време да му посвети на Бога и да се занимава со тајните на небото. Има повеќе време да живее во Божјото присуство и да не го оддалечуваат некои секојдневни световни обврски – истакна отец Висарион.
Откако ја изгледавте емисијата со отец Висарион, дајте си време да ги изгледате и нашите претходни епизоди:
Попкаст со Мартин Богатиноски ЕП13 | Отец Зоран: Христос никогаш не ни ветил лесен живот
Попкаст со Мартин Богатиноски ЕП12 | Отец Антониј: Вештачката интелигенција носи и соблазни
Попкаст со Мартин Богатиноски ЕП05 | Отец Јани: Со одење по бајачи си го внесувате ѓаволот во куќата
Попкаст со Мартин Богатиноски ЕП05 | Отец Јани: Со одење по бајачи си го внесувате ѓаволот во куќата


