Попкаст со Мартин Богатиноски ЕП11 | Отец Александар: Искушението на рамнодушноста најтешко се препознава
Од рамнодушноста нема поголемо искушение, а човек не секогаш го препознава и мисли дека неговата состојба е нормална, вели отец Александар Стојаноски, свештеник од Тетово, кој е гостин во „Попкаст со Мартин Богатиноски“.
Препорачано
Тој смета дека причина за рамнодушноста скоро секојпат е апостасијата, односно долгото живеење надвор од Црквата, од Евангелието и од духовните вредности.
– Рамнодушниот човек полека отапува. Дури и совеста која е глас Божји, може да го загуби гласот. Ако човек постојано ја игнорира и ако постојано наоѓа задоволства со кои ја анулира, таа најчесто занемува. А Господ, пред сѐ, ја преферира нашата жештина во карактерот, да го љубиме силно. Кога сме рамнодушни, таа жештина не постои. И затоа мислам дека човек треба да се бори со рамнодушноста – објасни отец Александар.
Со него разговаравме и за бракот, разводите, децата, секојдневните компромиси и уморот што човекот го носи со себе, дури и кога надвор сѐ изгледа во ред.
Зборувавме за технологијата, за успехот што понекогаш нѐ успива, како и за искушенијата што не доаѓаат како зло, туку како удобност.
Посебно се задржавме и на Преподобен Кирил Лешочки – човек кој и во своето време зборувал против суеверијата, формализмот и духовната мрзеливост.
Во продолжение, ви претставуваме дел од останатите емисии со други гости:
Попкаст со Мартин Богатиноски ЕП10 | Отец Марко: Не заборавајте зошто доаѓате в црква
Попкаст со Мартин Богатиноски ЕП09 | Отец Добрица: Кој не сака да работи, нека не јаде


