Попкаст со Мартин Богатиноски ЕП09 | Отец Добрица: Кој не сака да работи, нека не јаде
Во денешното издание на емисијата „Попкаст со Мартин Богатиноски“ гостува отец Добрица Јанев, свештеник во Брегалничката епархија.
Препорачано
Со него разговараме за верата во време на брз живот, зависности, суеверие и духовна конфузија… Зборуваме за современиот човек и за неговите искушенија, дрогата, коцката и алкохолот, за сектите и опасноста што тивко ја носат, но и за тоа каде завршува верата, а каде почнува суеверието.
– Ако ти направиш еден чекор кон Бога, тој ќе направи илјада кон тебе. Срцето на човекот е врата со квака од внатре. Христос чука 24/7, постојано, сѐ додека ти не му отвориш. Зашто, ако тој влезе на сила, тогаш не е Бог на љубовта, туку е терорист и напаѓа. А вака, Бог е љубов и чека ти да му отвориш. Ама кога ќе му ја отвориме вратата, тогаш ќе ги видиме сите благодати што Господ ни ги дава – изјави о. Добрица.
Тој не го поштеди од критики и поголемиот дел од младината во Македонија, кој, како што посочува, одбива да работи и чека родителите да му дадат 100-200 денари за кафе.
– Свети апостол Павле рекол: „Кој не сака да работи, нека не јаде“. Значи, не кој не може, бидејќи има луѓе кои не можат да работат. Обично, ги гледам нашите млади, да не ми се налутат, ама не сакаат да работат. Подобро им е тато да им даде 100-200 денари и цел ден да седат во кафе-барот со лажичето во уста, и тоа им е добро – порача г. Добрица.
Во продолжение, погледнете дел од претходните епизоди на „Попкаст со Мартин Богатиноски“:
Попкаст со Мартин Богатиноски ЕП07 | Владика Пимен: Ме излажаа за референдумот за името, бев наивен!
Попкаст со Мартин Богатиноски ЕП05 | Отец Јани: Со одење по бајачи си го внесувате ѓаволот во куќата


