Поп Ацев триумфираше на Велешкиот пливачки маратон

Фото: Vicky Boutin

Евгениј Поп Ацев, член на ПК „Вардар 2018“ кој неодамна ја освои третата светска титула, денеска забележа нова победа овојпат на шестиот „Велешки пливачки маратон“ на трката долга 10 километри на езерото „Младост“ како дел од Македонскиот куп во далечинско пливање.

Неговиот резултат на целта е 2:10.26, зад него на конечниот пласман беше Александар Илиевски (ПК „Нептун“ – Скопје) со време од 2:11.50.

На трката од пет километри победник е Андреј Стојановски од ПК „Нептун“, а во женска конкуренција најдобра беше Јана Костадиновска (ПК „Младост“).

На трката од 2.500 метри доминираа членовите на ПК „Нептун“, кај мажите првото место го освои Борјан Давковски, кај жените Калина Стојановска, додека Дарко Поп Ацев беше најдобар во трката за аматери на 2.500 метри.

На овој маратон кој годинава доби и меѓународен карактер освен од Македонија, учествуваа и пливачи од Турција, Косово и Бугарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот