Поп Ацев исплива соло маратон во чест на легендата Нико Нестор
Националната пливачка федерација сака да Ве извести дека нашиот репрезентативец во далечинско пливање и победник на Светската серија на Ултра маратони, Евгениј Поп Ацев на 11.07.2020 имаше соло маратон во чест на легендата на Македонското маратонско пливање, Нико Нестор.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Станува збор за соло трката која ја пливаше Евгениј и која беше во должина од 7Км, стартот беше на Свонси марината, а финишот во Мамблс Велс, Велика Британија, каде што Евгениј веќе подолго време живее и тренира.

Целта на трката беше да се соберат финансиски средства за хуманитарната организација „Нико Нестор“, кои ќе овозможат децата од финансиски ранливите семејства да добијат можност за часови по пливање и обука за безбедност на вода.
Поп Ацев должината од 7,15Км ја исплива во време од 1час 37минути и 14секунди.
– Пресреќен сум да објавам дека до денес со завршувањето на пливачкиот предизвик се собрани над 750 фунти за добротворната организација Нико Нестор. Условите беа одлични и навистина уживав во испливувањето на делницата. Сакам да изразам огромна благодарност до сите кои ме поддржаа и помогнаа во остварувањето на оваа голема цел. Страницата е сè уште отворена за донации ако некој што сака да донир, а не го сторил сеуште тоа – се зборовите на нашиот пливач.


