Помош за четири семејства од македонските фудбалски надежи (ФОТО)

фото: фејсбук/ффм

Овие златни деца на своја иницијатива им поделија прехранбени и други неопходни продукти на четири семејства од околината на Чаир и Скопска Црна Гора.

Во овој тежок период поради пандемијата на коронавирусот, натпреварувањата се одложени, многу спортисти се во домашна изолација, карантин.

Спортистите прават различни предизвици преку социјалните мрежи со јасна порака „Остани дома“, се организираат хуманитарни акции за собирање средства во борбата за спречување на заразата, Луѓето им помагаат особено на постарите кои не се во можност да ги обезбедат основните средства..

Во слична акција на своја иницијатива се најде и македонската фудбалска репрезентација до 19 години во овој тежок период.

Нашите надежи посетија четири семејства од околината на Чаир и Скопска Црна Гора и им поделија прехранбени и други неопходни продукти:

– Златни деца! Македонската репрезентација до 19 години, на своја иницијатива, денеска посетија и им поделија прехранбени и други неопходни продукти на четири семејства од околината на Чаир и Скопска Црна Гора.

Момците од нашата младинска репрезентација наполнија само дел од полиците на четирите семејства, но срцата им беа целосно полни.

Немојте да се оптоварувате со количините, секоја помош е добредојдена. Неколку килограми брашно, ориз, тестенини, килограм масло…шампон, средства за хигиена…итн.

Не е важно колку, важно е да е од срце. Секоја помош е добредојдена! – пишува на официјалната фејсбук страница на Фудбалската федерација на Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот